Вистинско крзно од леопард
Author:
Хана Коларжикова
Publisher:
Антолог |
Language:
Македонски |
Year:
2021
Original title:
Pravý leopardí kožich |
Num. of pages:
240 |
Dimensions:
13×20
|
Cover:
мека
Моќна и слоевита приказна за жена што го губи своето предвремено родено синче. Тагата ја пренесува во светот на сенките на нејзините мртви предци, кои живееле во истиот дом каде што таа ги минува тешките денови по загубата. Трагедиите од холокаустот се испреплетуваат со етичките дилеми во љубовниот триаголник во кој се заробени Јана и нејзината најдобра пријателка Тинка, чиј сопруг е и татко на изгубеното дете. Повикот на дивата телесност се поставува наспроти поредокот на општествените односи. Модерната жена, која во еден миг им потклекнува на длабоките и необјасниви инстинкти на физичката привлечност кон мажот што би требало, според општествените конвенции, да ѝ биде само пријател, се разгранува во комплексна слика на родовите противречности низ кои се бара топлината на вистинската љубов. На крајот, дали е најбитно да се преживее, но и да се пружи рака за помош дури и на озлогласениот непријател?
Reviews
There are no reviews yet.