Во кратки црти

Издавач: Бегемот | Јазик: Македонски | Година: 2021
Оригинален наслов: Во кратки црти | Бр. на страни: 65 | Димензии: 185x120 | Корица: /
Извадок:

Збирката е подредена во три кохерентни циклуси: „Средби и сеќавања“, „Метаматерија“ и „Замислени светови“. Расказите се запишани во трето и почесто во прво лице, од веродостоен наратор, кој сепак повремено како со сласт да ужива и во неверодостојност, користејќи ја за заводливо да го води читателот низ приказната. […] Речиси сите раскази се сместени во апстрактни временско-просторни координати, кои сепак се некаде во современоста и во урбани средини, а тоа остава впечаток на автобиографичност на расказите. Но, овој пристап (неретко исповедниот тон и одмерената лиричност, кои ни за миг не оддаваат нијанси на патос) може да се гледа како мала, незабележлива и успешно приредена замка, а онаа нежна, спонтана запрашаност помеѓу можноста на автобиографијата и извесноста на фикцијата е само уште една питка одлика на оваа збирка. […] Живко Грозданоски

Цена: 150 ден

18 на залиха

Спореди
Продавач Бегемот

Report an abuse for product Во кратки црти

Категорија:
ИСБН: 978-608-4869-48-1

Оценки

Сѐ уште нема оценки.

Koментирајте први за “Во кратки црти”

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Questions and Answers

You are not logged in