Во опасност од морето
Во 2016 година, делото „Во Опасност од Морето“ е добитник на наградата Governor General’s Award за францускојазична фикција.
Истовремено роман и лична исповед, „Во Опасност од морето“ е дело кое преку суптилна игра со фокализацијата, нежно испреплетува две приказни, измешани како испишани страници, ненадејно натопени со капки дожд.
Едната раскажува за самата писателка, растргната помеѓу страста кон пишувањето и мајчинството, на кое е целосно посветена. Интимни размисли за судирот помеѓу љубовта кон јазикот и љубовта кон својата ќерка.
Другата раскажува за сликарот на портрети од петнаесеттиот век, кој по смртта на неговата љубена, во потрага по сопствената верба и потреба за сликање, прибежиште наоѓа во манастир на остров во Франција.
И двете приказни, напишани со извонредно богата лексика и поетски јазик, и покрај временската оддалеченост од пет века, ги поврзува магијата на манастирот Мон Сен Мишел и страста кон книгите.
Reviews
There are no reviews yet.