Воинот Џезми

Издавач: Алманах | Јазик: Македонски | Година: 2014
Оригинален наслов: Cezmi | Бр. на страни: 270 | Димензии: 21x13 | Корица: мека

Намик Кемал (1840-1888) е еден од најзначајните мислители, книжевници, новинари и  дејци од периодот на реформацијата  на Османлиската Империја. Воинот Џезми,1880 е еден од првите примероци на историскиот роман во турската книжевност. Приказната е сместена во 16 в. и  ги опишува доживувањата на храбриот воинственик Џезми за време на турско-иранската војна во периодот на владеењето на султанот Селим II. Опфаќа делови од историјата на османлиската, иранската држава и Кримското Канство. Пишувано под влијание на романтизмот делото е проткаено и со љубовната приказна на кримскиот кан Адил Гирај и ќерката на иранскиот шах Перихан. Со авантуристичките карактери, нивната храброст, желба за живот и љубов романот од една страна потсетува на европските романтични новели, од друга страна пак,  со чистотата на срцето, посветеноста кон целите и со својата поетичност,  потсетува на источните ориентални класични дела и затоа претставува извонреден спој на западната модерна и источната класична литература.

Цена: 340 ден

3 на залиха

Спореди
Продавач Алманах

Report an abuse for product Воинот Џезми

Категорија:
ИСБН: 978-608-65688-0-1

Questions and Answers

You are not logged in