Воинот Џезми
Author:
Намик Кемал
Publisher:
Алманах |
Language:
Македонски |
Year:
2014
Original title:
Cezmi |
Num. of pages:
270 |
Dimensions:
21x13
|
Cover:
мека
Намик Кемал (1840-1888) е еден од најзначајните мислители, книжевници, новинари и дејци од периодот на реформацијата на Османлиската Империја. Воинот Џезми,1880 е еден од првите примероци на историскиот роман во турската книжевност. Приказната е сместена во 16 в. и ги опишува доживувањата на храбриот воинственик Џезми за време на турско-иранската војна во периодот на владеењето на султанот Селим II. Опфаќа делови од историјата на османлиската, иранската држава и Кримското Канство. Пишувано под влијание на романтизмот делото е проткаено и со љубовната приказна на кримскиот кан Адил Гирај и ќерката на иранскиот шах Перихан. Со авантуристичките карактери, нивната храброст, желба за живот и љубов романот од една страна потсетува на европските романтични новели, од друга страна пак, со чистотата на срцето, посветеноста кон целите и со својата поетичност, потсетува на источните ориентални класични дела и затоа претставува извонреден спој на западната модерна и источната класична литература.
Questions and Answers
You are not logged in