Воспитувањето девојки во Чешка
Автор:
Михал Вивег
Издавач:
Антолог |
Јазик:
Македонски |
Година:
2019
Оригинален наслов:
Výchova dívek v Čechách |
Бр. на страни:
224 |
Димензии:
13x20
|
Корица:
мека
Дејството во романот почнува кога писателот и наставник по чешки јазик и литература, Оскар, ја прифаќа понудата на локалниот бизнисмен, новопечен богаташ, да ѝ одржи курс по креативно пишување на неговата постара ќерка Беата во текот на летниот распуст. Беата е нескротлива млада девојка што од револт дека нејзиниот татко насилно ја прекинува љубовната приказна со еден од неговите вработени со денови не разговара со никого. Тешката задача да ѝ предава на младата девојка што во потполност го игнорира духовитиот учител ја завршува повеќе од успешно, па дури и се вљубува. Поточно, Оскар развива еден комплексен однос, кој опфаќа емпатија, страст и инспирација. Сатиричен приказ на чешкото посткомунистичко општество и првите тајкуни. Веројатно најуспешното дело на чешкиот автор, кого го споредуваат со Ник Хорнби, има и своја филмска екранизација од 1997 година.
Оценки
Сѐ уште нема оценки.