Времиња на игра. Детство во Трансилванија

Издавач: Антолог | Јазик: Македонски | Година: 2018
Оригинален наслов: / | Бр. на страни: 368 | Димензии: 13x20 | Корица: мека

Ова дело, опиено од мирисите на детските игри и на убавите спомени, ги опишува настаните поврзани со едно мешано германско-романско семејство што живее некаде близу градот Брашов во седумдесеттите години на XX век, видени и пренесени преку очите на едно шестгодишно дете. Живеејќи помеѓу два различни менталитети, на германските Саси и на романските Олтенци, момченцето се обидува да ги опише и да ги разбере премрежињата низ кои минале неколку генерации од двете семејства, притоа опишувајќи ги парадоксите на различните идеологии, култури и религии конфронтирани на различни нивоа. За него сите настани се само игри што ги играат, не само децата туку и возрасните, и тоа – во домот во кој живее, на улицата пред куќата, во маалото каде што го поминува времето. Романот е добитник на престижната Награда за литература на Европската Унија за 2016 година. „Го остава читателот без здив. Истовремено зачудува и засмејува.“ Берлинер цајтунг

Цена: 350 ден

Распродадено

Извести ме кога производот ќе биде на залиха

Спореди
Продавач Антолог

Report an abuse for product Времиња на игра. Детство во Трансилванија

Категорија:
ИСБН: 978-608-243-266-3

Questions and Answers

You are not logged in