Заклучи ги сите врати
Автор:
Рајли Сејгер
Издавач:
Антолог |
Јазик:
Македонски |
Година:
2020
Оригинален наслов:
Lock Every Door |
Бр. на страни:
368 |
Димензии:
13х20
|
Корица:
мека
Во „Бартоломеј“ ништо не е како што изгледа. Влегувате на сопствен ризик. По низата несреќи што ги доживува, без пари и без живеалиште, младата Џулс Ларсен добива шанса да работи како станар чувар на еден од апартманите во „Бартоломеј“, една од најгламурозните згради во Њујорк. Таму не се дозволени гости. Не е дозволено зборување со богатите или славните станари. И тоа се само некои од правилата што Џулс треба да ги следи. Маѓепсана од сјајот и раскошот на зградата, таа ги прифаќа и решава засекогаш да го остави своето тажно минато зад себе. Се спријателува со Ингрид, пргава сосетка, која неизмерно ја потсетува на нејзината исчезната сестра. Кога Ингрид ѝ се доверува дека „Бартоломеј“ има и друга, морничава страна, Џулс го припишува тоа на нејзината драматичност… сè додека Ингрид не исчезне. Сакајќи да ја разреши мистеријата, Џулс навлегува сè подлабоко во злогласното минато на „Бартоломеј“ и во тајните вткаени во неговите ѕидови. Спој на хорор-елементи и напната неизвесност со модерен заплет. Мајсторски составена тензија доволно вредна да биде во истото друштво на хорор-класиците што биле нејзина инспирација. Со изненадувачки пресврт на крајот, ова хорор ремек-дело опседнува, плаши и во исто време забавува.
Оценки
Сѐ уште нема оценки.