Законот на вечноста
Author:
Нодар Думбадзе
Publisher:
ИКОНА |
Language:
Македонски |
Year:
2014
Original title:
- |
Num. of pages:
275 |
Dimensions:
129x198 mm
|
Cover:
мека
Последниот роман на Нодар Думбадзе, Законот на вечноста, на специфичен начин се занимава со идејата за борбата помеѓу доброто и злото.
Според мислењето на Бачана, јунакот на овој роман, којшто лежи тешко болен во болница, на злото спокојно може да гледа само човек со вештачко срце. Обраќајќи му се на својот лекар, тој вели: „Сè додека сме живи, ние сме должни еден на друг да си подаваме рака за да им помогнеме на нашите души да станат бесмртни...“
Иако овој роман, како и едно од неговите претходни дела Белите знамиња, одразува една специфична историска ера во Грузија, и има посебно и вистинско време и место каде што се случува, од него сјаат универзален и безвремен драматизам, лиризам и неповторлив хумор, коишто се израз на размислувањата на авторот за спротивставувањето на доброто и злото и за човековото право на среќа и на љубов.
Oва е неверојатно реалистично дело во кое атмосферата на настаните и емоциите
се насликани толку живо што е невозможно да не ги почувствувате тагата и радоста на хероите од книгата, исто толку силно колку и тие.
Reviews
There are no reviews yet.