Зборообразувајќи ги местата

Publisher: Вермилион | Language: Македонски | Year: 2013
Original title: Man wortet sich die Orte selbst | Num. of pages: 200 | Dimensions: 20см | Cover: /

„ Зборообразувајќи ги местата“ се состои од прозни текстови од различна должина, од куси, кондензирани вињети до раскази и новели. Во овие текстови, главната тема на авторот е откривање на процесот на креативно пишување. Ирен Ниг почнува на ниво на зборот, поточно, звукот на зборовите. На ова ниво често е инспирирана од детските игри со новите зборови: непристрасно, со огромна љубопитност и сериозна посветеност. Со оглед на музичкиот квалитет во стилот на Ниг, не изненадува што танцувањето е една од главните метафори за процесот на креативното пишување. Заплетот и ликовите се подредени на музичката игра на зборови. Ниг открива и создава различни слоеви на значење во нејзиниот текст. Таа им се обраќа на ѕвездите, животните и човечките сродни души, меѓу кои брат и пријател. Само ретко пишува за конкретни политички настани. Животот е претставен како претстава со сцени кои постојано се менуваат, додека во процесот на креативно пишување секогаш „срцето ѝ е сопатник“. Книгата е добитник на Европската награда за литература 2011.Ирен Ниг е родена во 1955 година во Шан, во Лихтенштајн. Ниг многу патувала пред да почне да студира новинарство на Институтот за Новинарство и комуникација на Универзитетот во Фрибург во Швајцарија. По студиите работи во областа на односи со јавност во повеќе организации, меѓу кои и Aktion Miteinander, која ги промовира правата на странците во Лихтенштајн. Ниг почнала да издава кратки дела проза прво во литературни магазини, а во 1988 година ја издава првата книга.Преводот од германски е на Ксенија Чочкова.

Price: 250 ден

Out of stock

Notify me when the product will be in stock

Compare
Sold By Вермилион

Report an abuse for product Зборообразувајќи ги местата

Category:
SKU: 9786084710035

Questions and Answers

You are not logged in