Земјата на потекло
Author:
Е. ду Перон
Publisher:
Мартина |
Language:
Македонски |
Year:
2020
Original title:
Het land van herkomst |
Num. of pages:
492 |
Dimensions:
21
|
Cover:
/
Еден ист човек, еден ист живот, две различни приказни, сепак зачудувачки остар, искрен и бескомпромисен автопортрет ‒ безгрижноста и слободата на богатото дете од буржоаско семејство во Индите; наспроти неизвесноста и песимизмот на младиот човек што се бори за опстанок во Париз. Токму ваквото „шетање“ низ времето, настаните и ликовите ја прави „Земјата на потекло“ уникатна, повеќеслојна, несекојдневна и книга што се памети. Кој би рекол дека малиот буржуј Артур Дукро, кој е всушност самиот Е. ду Перон, ќе израсне во обичен новинар што преживува пишувајќи написи? Но, како што самиот вели, сè додека некој е жив, треба да живее според својата природа и како да има цел еден свет пред себе, со сета љубопитност и надеж што сè уште ги има, но и со доволна доза песимизам веднаш да се помири со крајот на сè што ги прави нашите животи можни, можни во секоја смисла на зборот.
Reviews
There are no reviews yet.