Жената од кабината бр. 10
Автор:
Рут Веар
Издавач:
Топер |
Јазик:
Македонски |
Година:
2018
Оригинален наслов:
/ |
Бр. на страни:
313 |
Димензии:
21
|
Корица:
мека
Во оваа импресивна, фасцинантна приказна која потсетува на делата на Агата Кристи, Ло Блеклок, новинарка која пишува за списание специјализирано за патувања, ја добива задачата на својот живот: една недела на луксузно крстосување на брод со само неколку кабини. Небото е чисто, водата мирна, а префинетите, избрани гости се пријатни како и ексклузивниот брод Аурора, кој го започнува своето патување во живописното Северно Море. Во почетокот, престојот на Ло е сосема пријатен: кабините се луксузни, вечерните забави се блескави, а гостите елегантни. Но, како што изминува неделата, студените ветрови безмилосно удираат на палубата, небото станува сиво, а Ло сведочи на она што таа може да го опише само како мрачен и застрашувачки кошмар: една жена е фрлена во морето. Проблем? Сите патници стануваат осомничени и се земени предвид – и така, бродот плови како ништо да не се случило, и покрај очајните обиди на Ло да пренесе дека нешто (или некој) тргнало во ужасно, ужасно погрешна насока... Со изненадувачки заплети, вратоломни пресврти и со опкружување кое се покажува како непријатно клаустрофобично, како што е зловесно убаво, Рут Веар нуди уште едно напнато и интензивно четиво во „Жената во кабината бр.10“, кое дури и најсигурниот читател ќе го остави во непријатно неспокојство долго откако ќе ја прочита последната страница.
1 оценка за Жената од кабината бр. 10
Questions and Answers
You are not logged in
biskovski18@gmail.com –
Добар психолошки трилер со интересен пресврт 🙂