Жената во кафезот
Автор:
Јуси Адлер-Олсен
Издавач:
Антолог |
Јазик:
Македонски |
Година:
2017
Оригинален наслов:
Kvinden i buret |
Бр. на страни:
406 |
Димензии:
13x20
|
Корица:
мека
СВЕТСКИ БЕСТСЕЛЕР
#1 СЕКТОРОТ Q
Прогонувана. Киднапирана. Но достоинствена. И борбена. Гребе со ноктите по голите ѕидови на просторијата во која е заробена додека прстите не почнат да ѝ крвават. Нема начин да одреди колку е часот или кој ден е, па неделите и месеците минуваат како на бескрајна лента. Прикриениот глас во темнината е груб и немилосрден. Вели дека сето тоа ќе престане кога ќе му одговори на едно едноставно прашање...
Детективот Карл Морк се враќа на работа по престрелка во која едниот од неговите колеги останува парализиран, а другиот е убиен. Карл се обвинува себеси, а колегите почнуваат да го избегнуваат. Шефот го преместува во новоотворениот сектор за нерешени случаи, наречен секторот Q. Единствениот вработен таму е сирискиот имиргант, Асад, кој всушност е чувар, но се покажува како талентиран и надарен детектив.
Карл одново ја започнува истрагата за случајот со исчезнатата млада политичарка Мерете Лунгор. Таа исчезнала пред пет години и се претпоставува дека е удавена, но нејзиното тело никогаш не е пронајдено. Карл смета дека нешто е пропуштено во истрагата. Навистина, Мерете не е мртва. Сè уште не.
Веднаш по објавувањето, книгата се искачила на првото место на топ-листите и се задржала на врвот на бестселери цела година! Според книгата е снимен и филм.
„Љубители на скандинавски трилери: земете си ја оваа книга навреме.“
BookPage
4 оценки за Жената во кафезот
Questions and Answers
You are not logged in
Anonymous (верификуван корисник) –
в в (верификуван корисник) –
Anonymous (верификуван корисник) –
Толку возбудлива и непредвидлива до самиот крај… ГЕНИЈАЛНА!
Anonymous (верификуван корисник) –
Книга што се памти , возбудлива, реална, неповторлива. . .