Животинска фарма
Author:
Џорџ Орвел
Publisher:
ИКОНА |
Language:
македонски |
Year:
2012
Original title:
Fattoria |
Num. of pages:
136 |
Dimensions:
12x19
|
Cover:
тврда
СИТЕ ЖИВОТНИ СЕ ЕДНАКВИ, НО НЕКОИ СЕ ПОЕДНАКВИ ОД ДРУГИТЕ.
Животинска фарма е најверојатно најголемата сатира на темниот лик на модерната историја.
Настаните во „Животинска фарма” веќе не се алегорија на изминатата револуција, туку драма чии случувања и избори сè уште се актуелни. Овде, како и во последниот роман на Орвел „Илјада деветстотини осумдесет и четврта” кој претставува едно мрачно предвидување на иднината, можеме да прочитаме нешто за нашето време, за корумпираната пропаганда, за оние слогани што беа одново напишани за да можат да ѝ одговараат на сивата еминенција, за машинеријата која води до државна тиранија, за губењето на добрите намери и жртвувањето на историските надежи, за чувството на вечна послушност, која можеби изгледаше наивна, но сепак беше неопходна надеж. Можеме да прочитаме нешто и за зголемувањето на бројот на државните организации и нивните апаратчици, за исфрлањето на моралните заповеди и елиминирањето на противниците. Исто така, треба да веруваме дека моќта на книжевноста може да ги предизвика лидерите кои ги нудат своите свети вистини и историски потреби како оправдувања за проневерувањето на историјата и угнетувањето на индивидуалноста. На кратко, Орвел можеме да го читаме одново и одново.
Од предговорот на Малколм Бредбери
Questions and Answers
You are not logged in