Животот на Лота: Зајачиња, зајачиња насекаде!

Издавач: Антолог | Јазик: Македонски | Година: 2018
Оригинален наслов: Alles voller Kaninchen (Mein Lotta-Leben #1) | Бр. на страни: 184 | Димензии: 13,5x20,5 | Корица: мека

Над 3 милиони продадени примероци!Возраст: 9+ Всушност, Лота си е сосема обично девојче!Но ѝ се случуваат многу забавни авантури! Лота мрази флејта и прокељ. Ги обожава својата најдобра пријателка, животните и одморите. Нејзините двајца браќа близнаци – се официјално најужасните браќа на светот, и тоа не само кога ѝ ја полнат флејтата со сенф!Мајката на Лота е занесена по магични правосмукалки на пареа и освежувачи за уста со комплицирани индиски имиња, а татко ѝ e учител, но за среќа не во истото училиште каде што учи Лота. Таа ќе може уште повеќе да се забавува на часовите и меѓу нив ако нема толку строга класна како Гизела Какам. И да не ви текнало да правите шеги со нејзиното презиме.Но да не ги заборавиме зајачињата! Во оваа забавна и толку откачена книга ги има многу, скокаат насекаде и мрдаат со ушите. Лота многу сака да си има барем едно, едничко зајаче. И ништо нема да ја сопре за да го добие. Според „Животот на Лота – Зајачиња, зајачиња насекаде“ се снима филм. Досега е распродадена во над 3 милиони примероци само во Германија. А секоја наредна приказна за авантурите на Лота уште со самото објавување се искачува на сите топ-листи!

Цена: 250 ден

10 на залиха

Спореди
Продавач Антолог

Report an abuse for product Животот на Лота: Зајачиња, зајачиња насекаде!

Категорија:
ИСБН: 978-608-243-286-1

Questions and Answers

You are not logged in