Зошто јас? Мојата борба со анксиозноста, стравовите и со паничните напади
Author:
Мартин Јованоски
Publisher:
Арс ЛИБРИС |
Language:
Македонски |
Year:
2019
Original title:
Зошто јас? Мојата борба со анксиозноста, стравовите и со паничните напади |
Num. of pages:
173 |
Dimensions:
21
|
Cover:
мека
„Зошто јас?“ е прашање што секој од нас си го поставил во одреден момент од животот.
Во потрагата по одговорите се насетуваат два избора: тешките искуства за некого ќе бидат нешто што само ќе го преживее, а за некој друг - нешто што ќе го врати во живот. Да се напише оваа книга е да се допре душата на секој од нас, но и личен терапевтски процес. Ставањето на хартија на нашите искуства и доживувања е навистина лековито искуство. Моментот во кој тие ќе заиграат пред нашите очи и ќе ја прочитаме својата приказна е момент во кој сме си ја дозволиле ранливоста, сме го скротиле егото и сме ѝ дале светлина на внатрешната реалност. Тој момент е истовремено и моќен, бидејќи само од позиција на препознавање на својата вистина и љубов за себе можеме да го исцелиме она што боли.
За сите вас кои сте ја запознале анксиозноста, ова четиво ќе ви биде вистински скапоцено, бидејќи ќе станете свесни дека не сте осамени во тоа искуство. Таа доаѓа во повеќе форми и може да зборува на различни јазици, но секогаш претставува покана за една поинаква средба со себеси.
1 review for Зошто јас? Мојата борба со анксиозноста, стравовите и со паничните напади
Questions and Answers
You are not logged in
Слаѓан –
Одлична е – ја препорачувам на секој што се бори со анксиозноста и се’ што доаѓа со неа,
секој би требало да ја прочита и да разбере со што всушност, се соочуваат лицата што страдаат од панични напади.
Да се обидеме да ги разбереме и несебично да им помогнеме во нивната битка!