Зошто пцујам
Автор:
Vedrana Rudan
Издавач:
Просветно дело |
Јазик:
Македонски |
Година:
2016
Оригинален наслов:
Zashto psujem |
Бр. на страни:
2004 |
Димензии:
130х200
|
Корица:
мека
„Зошто пцујам“ на хрватската писателка Ведрана Рудан е збирка текстови објавувани последниве неколку години на нејзиниот блог на веб-страницата www.rudan.info. Во книгата се застапени текстови на нејзините омилени теми: „Зошто служат жените“, „Зошто служат мажите“, „Зошто служат децата“, „Зошто служи Хрватска“ и „Зошто служи животот“, напишани онака како само Ведрана пишува: остро, директно и духовито. Дека пцоста е книжевна постапка, знаеме од многубројни примери во историјата на светската книжевност. Ведрана Рудан ни покажува дека е подеднакво ефикасна и вознемирувачка и особено релевантна во овој социоекономоски и историско-политички контекст во кој живееме. Откако во прилогот објаснува зошто пцуе (бидејќи никому не мора да се додворува, затоа што тоа не е во судир на интереси, туку во судир со светот и со самата себе, затоа што не се согласува со тезата дека баба на нејзини години треба на раат да ја чека смртта, затоа што сака да го пишува тоа што го мисли без разлика што мислат другите за неа..) Ведрана Рудан во фуриозен ритам одговара на прашањата што секојдневно го измачуваат секој просечен Балканец и пцуе се што ќе и застане на патот, онака сочно и духовито како што само таа умее.
Оценки
Сѐ уште нема оценки.