Знакот на четворката
Автор:
Артур Конан Дојл
Издавач:
ПНВ Публикации |
Јазик:
Македонски |
Година:
2015
Оригинален наслов:
/ |
Бр. на страни:
126 |
Димензии:
21
|
Корица:
мека
Госпоѓицата Морстен беше замотана во темна прекривка, а нејзиното чувствително лице беше смирено, но бледо. Мора да е нешто повеќе од жена, штом не чувствуваше немир при чудниот потфат во кој се впуштавме, а сепак, нејзината самоконтрола беше перфектна и таа подготвено одговори на уште неколку прашања што ѝ ги постави Шерлок Холмс.
„Мајорот Шолто му беше многу голем пријател на тато“,
рече таа. „Неговите писма беа полни со алузии за мајорот. Тој и
тато биле во командата на единиците распоредени на Андамански-
те острови, па затоа беа многу упатени еден за друг. Патем речено,
чудна хартија беше пронајдена во работната маса на тато, којашто
никој не можеше да ја разбере. Претпоставувам дека нема ни најма-
ло значење, но помислив дека можеби би сакале да ја видите, па ја
понесов со себе. Еве ја.“
Холмс внимателно го раздипли листот и го измазни од
своето колено. Потоа, многу методично го испита во целост со
својата лупа.
„Ова е хартија од домашно индиско производство“, забе-
лежа. „Некогаш било прикачено на некоја табла. Дијаграмот на
неа личи како да претставува некаков план за дел од некоја голема
зграда со бројни сали, ходници и премини. На едно место има мал
крст испишан со црвено мастило, а над него напишано со молив и
подизбледено стои ’3.37 од лево‘. Во левиот агол има чуден хиерог-
лиф како четири крста во една линија, така, за да им се допираат
краците. Покрај многу грубо и нечитко е запишано: „Знакот на чет-
ворката, Џонатан Смол, Мухамед Синг, Абдула Кан, Дост Акбар“.
Не, признавам дека не согледувам како ова тежи врз проблемот. А
сепак, евидентно е дека е документ од важност. Внимателно е чуван
во џебно издание на книга или бележник, затоа што и едната и дру-
гата страна се еднакво чисти.“
„Беше во неговиот бележник што го најдовме.“ ...
Оценки
Сѐ уште нема оценки.