Што сакаш од мене, љубов?

Издавач: Македоника | Јазик: Македонски | Година: 2017
Оригинален наслов: ¿Qué me quieres, amor? | Бр. на страни: 132 | Димензии: 200х140 | Корица: мека

Национална награда на Шпанија за литература, 1996Награда „Баљестер“, 1996 Што му треба повеќе на еден човек од еден коњ, револвер и жена со име на цвеќе за да се почувствува цар – пишува Ривас, и само со една реченица како да ја опишува целата книга – еден свет од болка и љубов, видени со поглед чист како на дете а ексцентричен како на поет. Мануел Ривас е револуционерен автор во современата галициска литература, најпознатиот и најпреведуваниот галициски писател.Негова најпозната, најнаградувана и најпреведувана книга е збирката раскази „Што сакаш од мене, љубов?“. Во неа доминираат нежноста и хуморот, носталгијата и меланхолијата. Расказите се напишани со голема имагинација и поетичност, воведувајќи го читателот во пространствата на човечката фантазија кои немаат граници. Крајот на секој расказ е трескавичен поради својата невозможност која наместа е шокантна, наместа тажна, наместа прекрасна, наместа недоискажана, но секогаш е гладна за човечката имагинација – таа на читателот.* „Сонувам за првата цреша на летото. Ѝ ја давам и ја принесува до устата, ме гледа со топли очи, очи полни грев, додека го загризува меснатото од црешата. Одеднаш, ме бакнува и ми ја враќа со устата. А јас сега засекогаш станувам нејзин, семката од црешата ја меткам цел ден по клавишите заби како здивена музичка нота. Вечерта:’Имам нешто за тебе, љубов.‘Ја пуштам во нејзината уста семката на првата цреша.“
Рангирано 5 од 5 според 4 рејтинзите на корисниците

Цена: 150 ден

5 на залиха

Спореди
Продавач Македоника Литера

Report an abuse for product Што сакаш од мене, љубов?

Категорија:
ИСБН: 978-608-252-043-8

Questions and Answers

You are not logged in