Што сакаш од мене, љубов?

Publisher: Македоника | Language: Македонски | Year: 2017
Original title: ¿Qué me quieres, amor? | Num. of pages: 132 | Dimensions: 200х140 | Cover: мека

Национална награда на Шпанија за литература, 1996Награда „Баљестер“, 1996   Што му треба повеќе на еден човек од еден коњ, револвер и жена со име на цвеќе за да се почувствува цар – пишува Ривас, и само со една реченица како да ја опишува целата книга – еден свет од болка и љубов, видени со поглед чист како на дете а ексцентричен како на поет.Мануел Ривас е револуционерен автор во современата галициска литература, најпознатиот и најпреведуваниот галициски писател.Негова најпозната, најнаградувана и најпреведувана книга е збирката раскази „Што сакаш од мене, љубов?“. Во неа доминираат нежноста и хуморот, носталгијата и меланхолијата. Расказите се напишани со голема имагинација и поетичност, воведувајќи го читателот во пространствата на човечката фантазија кои немаат граници. Крајот на секој расказ е трескавичен поради својата невозможност која наместа е шокантна, наместа тажна, наместа прекрасна, наместа недоискажана, но секогаш е гладна за човечката имагинација – таа на читателот.*„Сонувам за првата цреша на летото. Ѝ ја давам и ја принесува до устата, ме гледа со топли очи, очи полни грев, додека го загризува меснатото од црешата. Одеднаш, ме бакнува и ми ја враќа со устата. А јас сега засекогаш станувам нејзин, семката од црешата ја меткам цел ден по клавишите заби како здивена музичка нота. Вечерта:’Имам нешто за тебе, љубов.‘Ја пуштам во нејзината уста семката на првата цреша.“
Rated 5 out of 5 based on 4 customer ratings

Price: 150 ден

5 in stock

Compare
Sold By Македоника Литера

Report an abuse for product Што сакаш од мене, љубов?

Category:
SKU: 978-608-252-043-8

Questions and Answers

You are not logged in