Дневникот на длабоките тајни
Автор:
ВЕРИЦА МУКОСКА
Издавач:
БАТА ПРЕСС |
Јазик:
Македонски |
Година:
2017
Оригинален наслов:
/ |
Бр. на страни:
162 |
Димензии:
205x130
|
Корица:
мека
Возбудлив роман чие дејствие сe случува под староградските ѕидови во татковината на романтичарската љубов – Италија. Сторија пребогата со случувања во кои родителот – Марвел, просто заборавил на своите деца, на сопругата, обврските кон својата компанија и се впушта во авантури и ризични потфати.
Донела, неговата единствена ќерка, минува низ вистински психолошки кошмари. Од најраното детство е во потрага по својот брат и по биолошките родители.
На тоа се надоврзува и сообраќајната несреќа по која кошмарите покрај психолошката, добиваат и физичка реалност.
Младата авторка Верица Мукоска ткае една современа новела, приказна во приказна, со многубројни настани, емоции, конфликти и зближувања...
Верица Мукоска е родена на 10 март 1999 година во Вевчани. Стихови почнала да пишува уште во најраните детски денови и во издание на „Бата прес“ во 2009 година, ја објави стихозбирката „Стихови од срцето на природата“. Основно училиште завршила во родното место, а гимназија во 2017 година во Струга.
Романот „Дневникот на длабоките тајни“, е нејзино прво прозно дело.
1 оценка за Дневникот на длабоките тајни
Questions and Answers
You are not logged in
Anonymous (верификуван корисник) –