Седум куќи во Франција
Автор:
Бернардо Ачага
Издавач:
Антолог |
Јазик:
македонски |
Година:
2018
Оригинален наслов:
Zazpi etxe Frantzian |
Бр. на страни:
208 |
Димензии:
13x20
|
Корица:
/
„Седум куќи во Франција“ не е историска хроника, туку возбудлива и живописна приказна што преку авантурата на ликовите ја бара вистинската метафора за темната страна на нашиот свет! Амбиентот на овој роман е моралната декаденција во гарнизонот на колонијалните трупи на кралот Леополд II од Белгија на почетокот од дваесеттиот век, во срцето на џунглата во Конго. Лаланд Биран е капетан, но и поет со амбиција да се збогати и да им се врати на книжевните кафулиња во Париз. Неговата жена е уште поамбициозна: сака да поседува седум куќи во Франција, една за секоја година што нејзиниот сопруг ја поминал во туѓина! Фасцинантата лепеза од ликови ќе направи оваа книга да не ја заборавите. Возбудлива црна комедија што ја открива најмрачната суштина на човековите желби. „Оригинално потсетува на Џозеф Конрад и на Срцето на темнината.“El Pais
Questions and Answers
You are not logged in