Нов живот
Автор:
Орхан Памук
Издавач:
Арс ЛИБРИС |
Јазик:
Македонски |
Година:
2019
Оригинален наслов:
Yeni hayat |
Бр. на страни:
280 |
Димензии:
20
|
Корица:
мека
Орхан Памук е можеби најпознатиот современ турски писател, добитник на Нобеловата награда за литература во 2006 година. Неговите дела се занимаваат со соочувањата помеѓу Истокот и Западот, со проблемите на уметноста и на идентитетот, а честопати се споредувани со оние на Џојс, Набоков и Маркес. „Еден ден прочитав книга што целосно ми го смени животот.“ Вака почнува „Нов живот“, најбргу продадениот роман во историјата на Турција − роман за патување, авантура и една многу посебна книга што им го менува животот на сите што ќе ја прочитаат. Студентот Осман чита книга чијашто содржина Памук не ни ја открива; во јадрото на романот стои голема празнина што читателот мора да ја пополни самиот. Но, таа празнина е повеќе од значајна, затоа што го води младиот протагонист низ низа патувања, авантури и заговори – и, секако, до прекрасната Џанан, љубовта на Осман − која стои рамо до рамо со Беатриче на Данте или со некои од мистериозните ангели на Рилке. Единствено што знаеме е дека книгата ветува нов живот. Но, дали ќе се оствари тоа ветување?
Оценки
Сѐ уште нема оценки.