Часовничарот
Автор:
Михаела Гашпар
Издавач:
Антолог |
Јазик:
Македонски |
Година:
2021
Оригинален наслов:
Nemirnica |
Бр. на страни:
170 |
Димензии:
13×20
|
Корица:
/
Потресен и мудар роман за немирната совест и болните семејни односи. Секоја вечер, додека ги закопчува пижамите и се поздравува со сопствениот одраз во огледалото, главниот лик на овој роман, Јосип Мајдак, се подготвува за својата смрт. Секоја вечер се одвиваат и нашите генерални проби на умирањето, во кои, исто како него, легнуваме со надеж дека утрото сепак ќе станеме. Кога ќе ја положиме главата на перница – без разлика дали таа е со пердуви или анатомска, она што дише покрај нас, онаа нејасна присутност што останува кога ќе се изгасат и светлата и сенките, е нашата совест. Наутро тивко се подигнуваме и се искрадуваме од постелата за да не си ја разбудиме совеста. Но совеста на часовничарот Јосип бдее будна во ноќта и веќе никогаш нема да заспие. Ќе му ги довлечка в постела сите оние на кои тој одамна заборавил: покојници, живи и оние за кои не се знае. Тоа е еден круг од околности – замка во која паѓаме уште при раѓањето. Ако читателот му суди на Јосип Мајдак, можеби ќе си суди и себеси. Добра ноќ, совест!
Оценки
Сѐ уште нема оценки.