Пеам јас и планината танцува

Издавач: Издавачки центар ТРИ | Јазик: Македонски | Година: 2021
Оригинален наслов: Canto yo y la montaña baila | Бр. на страни: 214 | Димензии: 125/195 | Корица: мека

Пеам јас и планината танцува е ода за природата и за умешноста да се живее во согласност со неа. Преку гласот на авторката своите приказни ги раскажуваат не само луѓето туку и облаците и громовите, печурките, срните и мечките, планината, водите и самовилите...

Како дете на планината, момчето Хилари ги опева тие чудесни стихии во своите песни. А кога случајно ќе биде убиен од својот пријател, продолжува да живее во сеќавањата, посетувајќи ја како дух сестра си Мија...

Приказните во овој чудесен роман се преплет од реалност и фикција за опстанокот во пазувите на исцелителната планина, за осаменоста и пријателствата, за војните и убивањата, но и за убавината и добрината. Раскошна нарација што ја продолжува традицијата на големите автори на каталонската литература, со силно изразен симболичен и поетски стил.

„Фантастичен роман, во секоја смисла на зборот. Силна поетска приказна во која трагедијата и искупувањето одат рака подрака.“
Кадена сер

„Блескава и возбудлива... Потврда за раскажувачкиот талент и лирската моќ. Сола ги спојува и ги оживува историјата и легендата, реалноста и литературата.“
Ла Вангардија

Цена: 300 ден

3 на залиха

Спореди
Продавач Издавачки центар ТРИ

Report an abuse for product Пеам јас и планината танцува

Категории: ,
ИСБН: 978-608-230-787-9

Оценки

Сѐ уште нема оценки.

Koментирајте први за “Пеам јас и планината танцува”

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Questions and Answers

You are not logged in