Вкусот на праските

Издавач: Арс ЛИБРИС | Јазик: Македонски | Година: 2021
Оригинален наслов: Вкусот на праските | Бр. на страни: 152 | Димензии: 145/205 | Корица: тврда

Приказната на „Вкусот на праските“ од Влада Урошевиќ почнува со пристигнувањето на еден провинцијалец во градот. Тој случајно се разминува со една девојка која го маѓепсува и со која се среќава, на сон и на јаве. Потоа земјотрес (катастрофалниот земјотрес од 1963 г.) и смрт. Оттука па натаму е многу тешко да се зборува за „приказната“ на „Вкусот на праските“, бидејќи таа не е од централен интерес на авторот. Тука тој сака да постигне нешто друго. Што е тоа друго што веќе половина век ги мачи книжевните критичари? Едноставниот одговор е: уметност.

Романот „Вкусот на праските“ – објавен веќе далечната 1965 г. – е првото романескно достигнување на истакнатиот поет, раскажувач, романсиер, есеист и професор по книжевност Влада Урошевиќ. Во него е запишан – со фантазмагоричен јазик и суптилна мешавина од текстови – бунтот на македонската книжевност против конвенциите на реалистичка книжевност.

Цена: 300 ден

2 на залиха

Спореди
Продавач Арс ЛАМИНА

Report an abuse for product Вкусот на праските

Категорија:
ИСБН: -978-608-267-361-5

Оценки

Сѐ уште нема оценки.

Koментирајте први за “Вкусот на праските”

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Questions and Answers

You are not logged in