Вкусот на праските
Автор:
Влада Урошевиќ
Издавач:
Арс ЛИБРИС |
Јазик:
Македонски |
Година:
2021
Оригинален наслов:
Вкусот на праските |
Бр. на страни:
152 |
Димензии:
145/205
|
Корица:
тврда
Приказната на „Вкусот на праските“ од Влада Урошевиќ почнува со пристигнувањето на еден провинцијалец во градот. Тој случајно се разминува со една девојка која го маѓепсува и со која се среќава, на сон и на јаве. Потоа земјотрес (катастрофалниот земјотрес од 1963 г.) и смрт. Оттука па натаму е многу тешко да се зборува за „приказната“ на „Вкусот на праските“, бидејќи таа не е од централен интерес на авторот. Тука тој сака да постигне нешто друго. Што е тоа друго што веќе половина век ги мачи книжевните критичари? Едноставниот одговор е: уметност.
Романот „Вкусот на праските“ – објавен веќе далечната 1965 г. – е првото романескно достигнување на истакнатиот поет, раскажувач, романсиер, есеист и професор по книжевност Влада Урошевиќ. Во него е запишан – со фантазмагоричен јазик и суптилна мешавина од текстови – бунтот на македонската книжевност против конвенциите на реалистичка книжевност.
Оценки
Сѐ уште нема оценки.