Пчелно семејство
Автор:
Ања Мугерли
Издавач:
Антолог |
Јазик:
Македонски |
Година:
2022
Оригинален наслов:
Čebelja družina |
Бр. на страни:
144 |
Димензии:
20
|
Корица:
мека
„Пчелно семејство“ е збирка од седум раскази. Секој расказ застапува одреден обред или обичај од словенечката традиција, кои во делото на Мугерли се вметнати во поинаков контекст или во современи рамки, така што добиваат нова улога и добиваат нова смисла. Централна тема на секој расказ е семејството: било да е неостварено („Јаболкарка“), обединето и потоа раздвоено („Пламени јазици“) или некое што во нормални услови би можело да стане вистинско („Пчелно семејство“). Сите раскази, освен еден, се случуваат во сегашноста, но поради ритуалите и атмосферата се чинат безвременски. Авторката со јазична виртуозност нè внесува во свет што не го познаваме, иако живееме во него. Читајќи ги расказите, постојано преминуваме некакви граници – јазични, културни, политички, географски, но и оние што се поставени помеѓу реалноста и несвесното.
Во 2021 година „Пчелно семејство“ ја добива престижната Награда за литература на Европската Унија.
Оценки
Сѐ уште нема оценки.