Итар Пејо
Автор:
Стале Попов
Издавач:
Детска радост |
Јазик:
Македонски |
Година:
2004
Оригинален наслов:
Итар Пејо |
Бр. на страни:
126 |
Димензии:
20x14
|
Корица:
мека
Итар Пејо — еден од најпознатите ликови во македонските народни приказни, кој е многу омилен меѓу младите читатели.
Итар Пејо, некаде познат и како Итроман Пејо или Итар Пејо - Мариоец е обичен сиромашен македонски селанец од Мариово кој се одликува со извонредна итрина, снаодливост и воедно е претставник на македонската шегобијна мудрост. Во приказните за него тој секогаш на итар начин им се оддолжува на тие што сакаат да му наштетат (обично турските големци), а неговите постапки често изнудуваат смеа и почит кај читателите.
Нема историски потврди за неговото постоење и веројатно се појавил како противтежа на османлискиот итроманец и шегаџија Насредин Оџа во духовниот отпор на македонскиот народ против османлиското угнетување. Изданието напишано од Стале Попов е задолжителна лектира за четврто одделение.
Оценки
Сѐ уште нема оценки.