Како да основам и управувам сопствен мал бизнис
За сите оние кои имаат бизнис и сакаат да го одржат и развијат, за сите оние кои сакаат да основат сопствен бизнис, и за сите оние кои го проучуваат малиот бизнис, претприемаштвото и остварувањето и одржувањето на конкурентската предност, Тримакс со авторите проф. Др. Тодор Кралев и доц. Др. Наташа Кралева ги издадоа книгите:
1. Како да основам и управувам сопствен мал бизнис (333 стр.): 1. Започнување нов бизнис 2. Купување постоен бизнис 3. Семејни (фамилијарни) бизниси 4. Франшиза како начин да се започне сопствен бизнис 5. Финансирање 6. Бизнис план 7. Сé започнува и сé завршува со купувачите 8. 4П во маркетингот на малиот бизнис 9. Производ и/или услуга по мерка и мерак на купувачот 10. Претприемачко – менаџерски функции 11. Што (и како) претприемачките менаџери контролираат 12. (Рако)водење на малопродажен бизнис 13. Како и зошто започнавме сопствен бизнис, како работевме и како успеавме? (Успешни македонски бизниси). 14. Имаме идеја за започнување сопствен бизнис, кој (и како) може да ни помогне?
2. Претприемаштво – како да се успее во сопствен бизнис и како да се оствари и одржи конкурентска предност (410стр.): 1. Претприемаштво и претприемачки бизнис 2. Претприемачите како менаџери и лидери. 3. Жени – претприемачи, млади и средовечни претприемачи. 4. Остварување и одржување конкурентска предност. 5. Иновативност за остварување и одржување конкурентска предност. 6. Синџир на вредности на Мајкл Портер – основа за конкурентска предност. 7. Како да се добијат идеи за започнување мал бизнис. 8. Со креативност се добиваат идеи за започнување сопствен бизнис и за остварување и одржување конкурентска предност. 9. Организациска (бизнис) непосредна и општа околина 10. Меѓународно и глобално претприемаштво 11. Општествено (социјално) претприемаштво 12. Општествена одговорност на бизнисот 13. Бизнис етика. 14. Голема светска претприемачка „петорка“ 15. Успешна македонска претприемачка „десетка“
Оценки
Сѐ уште нема оценки.