Заточеник на небото
Автор:
Карлос Руиз Зафон
Издавач:
Матица Mакедонска |
Јазик:
Македонски |
Година:
2012
Оригинален наслов:
El prisionero del cielo |
Бр. на страни:
305 |
Димензии:
21 cm
|
Корица:
/
Во книжарницата „Семпре и синовите“ продажбата на книги не оди баш најдобро иако е Божиќ, период кога не би требало да биде така. Идеата на Фермин го мотивира Семпре да отиде и да купи сѐ што е потребно за да се долови божиќниот дух.
Тоа студено декемвриско утро во 1957 година во книжарницата влегува купувач со злокобен и таинствен изглед, ја купува скапата книга на Гроф Монте Кристо и замолува за достава на истата, а во неа остава необична порака за Фермин Ромеро Де Торес. Даниел е видно вознемирен од појавата на мистериозниот човек, а уште повеќе кога ќе прочита и открие дека тоа е поврзано со неговиот најдобар пријател. Тој почнува да го следи непознатиот и да истражува што ги поврзува овие двајца луѓе. Во таа негова истрага дознава за еден мрачен период од минатото на Фермин и за поврзаноста на Фермин со Давид Мартин - необичен писател, чија животна судбина за негово големо изненадување е поврзана со него, иако ниту тој самиот не е свесен за тоа. Откривајќи ги деталите Даниел ќе дојде до застрашувачко сознание поврзано со неговото семејство. Тоа сознание ќе го вознемири и засекогаш ќе го промени и од него ќе создаде нова личност.
1 оценка за Заточеник на небото
Questions and Answers
You are not logged in
Даниела Карастојанова (верификуван корисник) –
Како и сите други на Сафон – одлична е!