Записи на младиот лекар

Издавач: Слово | Јазик: Македонски | Година: 2009
Оригинален наслов: Записки юного врача | Бр. на страни: 102 | Димензии: 19см | Корица: /

Книгата “Записи на младиот лекар” од славниот руски писател  во превод на Милан Банов. Тоа е едно од раните дела на овој автор, од времето кога тој  самиот, како лекар, служел во една од далечните руски губернии. Станува збор за една длабоко хумана, чувствителна и стилски дотерана проза, наместа потресна, а наместа духовита.

Константин Симонов за Булгаков пишува: “Во богатиот талент на Булгаков, во текот на целокупната книжевна дејност на писателот, како да живееја во соседство, грабнувајќи ја еден од друг палмата на првенството, цели три различни таленти - талентот на сатиричар, талентот на фантаст и талентот на реалист, склон на строга и точна психолошка анализа”. 
Рангирано 5.00 од 5 според 1 рејтингот на корисниците
(1 оценка на корисник)

Цена: 263 ден

Распродадено

Извести ме кога производот ќе биде на залиха

Спореди
Продавач Слово

Report an abuse for product Записи на младиот лекар

Категорија:
ИСБН: 978-9989-103-74-2

1 оценка за Записи на младиот лекар

  1. Rated 5 out of 5

    Kikiland

    Каков брилијантен стил! Пукаат страниците од брутална борба помеѓу доброто и злото на самиот терен преку рацете на тогаш младиот доктор Булгаков. Заведува… со такви детални болни описи, чиниш ќе ја фрлиш книгава во некој ќош, па за момент се предомислуваш и му дозволуваш да те води низ сите дамари на неговата душа. Војната ја добива секогаш „доброто“ по страшните битки, во кои некогаш и губи… ама тоа е прифаќањето на реалноста и соочувањето со неговите најголеми стравови. Не знам што да кажам освен тоа дека ова мало книжуле отвора големи врати, големи прашања, големи размислувања и, секако, надеж за подобро утре. ❤

Додади оценка

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Questions and Answers

You are not logged in