Записи на младиот лекар
Author:
Михаил Булгаков
Publisher:
Слово |
Language:
Македонски |
Year:
2009
Original title:
Записки юного врача |
Num. of pages:
102 |
Dimensions:
19см
|
Cover:
/
Книгата “Записи на младиот лекар” од славниот руски писател во превод на Милан Банов. Тоа е едно од раните дела на овој автор, од времето кога тој самиот, како лекар, служел во една од далечните руски губернии. Станува збор за една длабоко хумана, чувствителна и стилски дотерана проза, наместа потресна, а наместа духовита.
Константин Симонов за Булгаков пишува: “Во богатиот талент на Булгаков, во текот на целокупната книжевна дејност на писателот, како да живееја во соседство, грабнувајќи ја еден од друг палмата на првенството, цели три различни таленти - талентот на сатиричар, талентот на фантаст и талентот на реалист, склон на строга и точна психолошка анализа”.
1 review for Записи на младиот лекар
Questions and Answers
You are not logged in
Kikiland –
Каков брилијантен стил! Пукаат страниците од брутална борба помеѓу доброто и злото на самиот терен преку рацете на тогаш младиот доктор Булгаков. Заведува… со такви детални болни описи, чиниш ќе ја фрлиш книгава во некој ќош, па за момент се предомислуваш и му дозволуваш да те води низ сите дамари на неговата душа. Војната ја добива секогаш „доброто“ по страшните битки, во кои некогаш и губи… ама тоа е прифаќањето на реалноста и соочувањето со неговите најголеми стравови. Не знам што да кажам освен тоа дека ова мало книжуле отвора големи врати, големи прашања, големи размислувања и, секако, надеж за подобро утре. ❤