Родители и деца

Издавач: Антолог | Јазик: Македонски | Година: 2015
Оригинален наслов: O rodičích a dětech | Бр. на страни: 128 | Димензии: 13x20 | Корица: мека

  ​ Син шета со својот татко. Но син што има повеќе од 40 години и уште е хонорарец. Живее со Марта, 26-годишна девојка што завршила философска лингвистика и работи од дома. Таткото е биолог во пензија. Вистински интелектуалец, во позитивната смисла на зборот. Единственото заедничко нешто им е што еднаш месечно одат на прошетка. Но ги спојува и 40 години заеднички живот.   Родители и деца е добитник на наградата „Магнесија литера“ во 2002, а според оваа книга е снимен и истоимениот филм од 2008 година. „Хакл е вистински книжевен талент. Му треба многу малку за да создаде атмосфера и ликови. Многу значаен писател за чешката литература“. Далибор Малина   „Дијалогот татко–син е вистинско задоволство“. Бојд Тонкин, Индипендент   Емил Хакл е псевдоним на чешкиот писател Јан Бенеш (1958). Студирал сценарио и драматургија. Сменил многу професии – аранжер, композитор, библиотекар, работник на бензинска станица, тонец, а бил и копирајтер во рекламни агенции. Денес работи како новинар. Автор е на многу наградувани книги, поради кои го сметаат за најзначајниот чешки писател, споредувајќи го со Храбал.    
Рангирано 5 од 5 според 4 рејтинзите на корисниците

Цена: 200 ден

Распродадено

Извести ме кога производот ќе биде на залиха

Спореди
Продавач Антолог

Report an abuse for product Родители и деца

Категорија:
ИСБН: 978-608-243-093-5

Questions and Answers

You are not logged in