Родители и деца
Author:
Емил Хакл
Publisher:
Антолог |
Language:
Македонски |
Year:
2015
Original title:
O rodičích a dětech |
Num. of pages:
128 |
Dimensions:
13x20
|
Cover:
мека
Син шета со својот татко. Но син што има повеќе од 40 години и уште е хонорарец. Живее со Марта, 26-годишна девојка што завршила философска лингвистика и работи од дома. Таткото е биолог во пензија. Вистински интелектуалец, во позитивната смисла на зборот. Единственото заедничко нешто им е што еднаш месечно одат на прошетка. Но ги спојува и 40 години заеднички живот. Родители и деца е добитник на наградата „Магнесија литера“ во 2002, а според оваа книга е снимен и истоимениот филм од 2008 година. „Хакл е вистински книжевен талент. Му треба многу малку за да создаде атмосфера и ликови. Многу значаен писател за чешката литература“. Далибор Малина „Дијалогот татко–син е вистинско задоволство“. Бојд Тонкин, Индипендент Емил Хакл е псевдоним на чешкиот писател Јан Бенеш (1958). Студирал сценарио и драматургија. Сменил многу професии – аранжер, композитор, библиотекар, работник на бензинска станица, тонец, а бил и копирајтер во рекламни агенции. Денес работи како новинар. Автор е на многу наградувани книги, поради кои го сметаат за најзначајниот чешки писател, споредувајќи го со Храбал.
Questions and Answers
You are not logged in