Дело

Издавач: Магор | Јазик: Македонски | Година: 2015
Оригинален наслов: Handlingen | Бр. на страни: 180 | Димензии: 21 | Корица: /

Дело е роман во кој авторката ги истражува развојот и трансформацијата на различни ранливи ментални состојби. Главниот лик е жена прогонувана од желбата да ја освои Библиотеката, место во кое се содржи знаењето на светот. Под оваа  невротична потреба да го контролира светот околу себе лежи нејзината огромна тага поврзана со неуспешната бременост. Магијата и реализмот се преплетени во поетското пишување на Манхејмер. Авторката умешно ја доловува кршливоста на секојдневниот живот, оние мали тајни на секојдневието, бришејќи ја тенката граница меѓу реалноста и имагинацијата. Дело е исклучително симболички набиена книга, портрет на човековата опседнатост со духовна чистотија, како и на потребата слабоста на телото да се замени со силата на интелектуалниот идентитет. Романот е добитник на Европската награда за литература за 2012 година.

Цена: 315 ден

5 на залиха

Спореди
Продавач Магор

Report an abuse for product Дело

Категорија:
ИСБН: 978-608-223-456-4

Questions and Answers

You are not logged in