120 златни правила во трговијата
Author:
Сербер де Меделсхајм
Publisher:
ИКОНА |
Language:
Македонски |
Year:
2009
Original title:
120 златни правила во трговијата |
Num. of pages:
120 |
Dimensions:
21 см
|
Cover:
мека
Не треба да верувате дека богатството само ќе ви дојде. За да го стекнете вие морате:
Да го поставите претпријатието на здрави основи;
Да располагате со потребниот капитал;
Вредно да работите;
Секогаш да бидете на работа, без чести и долги одмори и отсуства,зашто сопственикот на едно претпријатие мора постојано и лично да врши надзор.
Да имате или насочено образование (кое ќе ви биде од користдоколку го имате), или барем способност да ја разбирате трговската дејност, брзо да одлучувате и да се донесувате правилни одлуки кога што да правите.;
Да бидете уреден, многу уреден;
Да умеете да говорите и да убедувате;
Да бидете многу љубезен и да се грижите да го услужите вашиотмуштерија, па макар и по цена на сосема минимална заработка.
Кон персоналот да бидете тактичен но цврст, потоа правичен идарежлив, зашто добрите помошници треба достојно и да ги наградите;
Без премислување да го отпуштите секој вработен со чија работаили однесување сте незадоволен. Не заборавајте дека лошите работници ги расипуваат добрите и дека еден лош работник, што и да ветува, тешко ќе се поправи ако остане на истото работно место, кај истиот газда, и покрај истите другари; може да се поправи единствено во друга средина;
Најпосле во сé да бидете исправни, да го почитувате дадениот збор и да работите така што да нема сомнеж во вашата чесност;
Reviews
There are no reviews yet.