Помеѓу рајот и пеколот
Author:
Јон Калман Стефансон
Publisher:
Антолог |
Language:
Македонски |
Year:
2017
Original title:
Himnaríki og helvíti |
Num. of pages:
176 |
Dimensions:
13х20
|
Cover:
мека
Во еден далечен предел на Исланд, млад човек се придружува на брод со рибари. Кога ќе ги фати бура на отворено море, тој е збунет од студената рамнодушност на неговите колеги. Скршен поради тоа, скришно ги напушта, со една единствена цел, да ја врати книгата на слепиот стар морски капетан што живее зад гори и планини. Штом ќе пристигне во градот, открива дека не е сам во својата самотија: пречекан е во топлиот круг на маргиналците, каде што почнува да го гледа животот со други очи.
„Помеѓу рајот и пеколот“ ги истражува длабочините на очајот за да ја прослави спасителната моќ на пријателството. Сместен на крајот од XX век, овој роман нуди читателско искуство што е толку интензивно како и силата на исландските пејзажи.
Фалбите што ги добива авторот за ова дело не се претерани: оваа фасцинантна приказна за Исланд и за неговото минато е безвремена одисеја, лирска медитација за животот и смртта, за рајот и пеколот што ги носиме во себе. Во 2011 година книгата ја добива високата шведска книжевна награда што го носи иметона Пер Улов Енквист.
Reviews
There are no reviews yet.