Помеѓу рајот и пеколот

Издавач: Антолог | Јазик: Македонски | Година: 2017
Оригинален наслов: Himnaríki og helvíti | Бр. на страни: 176 | Димензии: 13х20 | Корица: мека

Во еден далечен предел на Исланд, млад човек се придружува на брод со рибари. Кога ќе ги фати бура на отворено море, тој е збунет од студената рамнодушност на неговите колеги. Скршен поради тоа, скришно ги напушта, со една единствена цел, да ја врати книгата на слепиот стар морски капетан што живее зад гори и планини. Штом ќе пристигне во градот, открива дека не е сам во својата самотија: пречекан е во топлиот круг на маргиналците, каде што почнува да го гледа животот со други очи.

„Помеѓу рајот и пеколот“ ги истражува длабочините на очајот за да ја прослави спасителната моќ на пријателството. Сместен на крајот од XX век, овој роман нуди читателско искуство што е толку интензивно како и силата на исландските пејзажи.

Фалбите што ги добива авторот за ова дело не се претерани: оваа фасцинантна приказна за Исланд и за неговото минато е безвремена одисеја, лирска медитација за животот и смртта, за рајот и пеколот што ги носиме во себе. Во 2011 година книгата ја добива високата шведска книжевна награда што го носи иметона Пер Улов Енквист.

Цена: 250 ден

10 на залиха

Спореди
Продавач Антолог

Report an abuse for product Помеѓу рајот и пеколот

Категории: , ,
ИСБН: 978-608-243-199-4

Оценки

Сѐ уште нема оценки.

Koментирајте први за “Помеѓу рајот и пеколот”

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Questions and Answers

You are not logged in