Ангели и демони
Автор:
Ден Браун
Издавач:
Издавачки центар ТРИ |
Јазик:
Македонски |
Година:
2012
Оригинален наслов:
Angels and Demons |
Бр. на страни:
484 |
Димензии:
140х205
|
Корица:
/
Кога светски познатиот харвардски симболог, Роберт Ленгдон, ќе биде повикан во Швајцарската истражувачка постројка за да го анализира таинствениот симбол - врежан на градите на убиениот физичар - тој открива докази на незамисливото: повторно оживување на древното тајно братство на илуминатите... најмоќна подземна организација од настанување на светот. Сè упатува на тоа дека неминовно се ближи часот на конечната и заветена пресметка на ова братство воскреснато од Светиот стол. Најлошите стравувања на Ленгдон се потврдени во повисоките конклави, кога гласникот на илуминатите објавува дека скриле незапирлива темпирана бомба во самото срце на Ватикан. Додека трае одбројувањето, Ленгдон одлетува во Рим со Виторија Ветра, прекрасна и мистериозна научничка, за да му помогне на Ватикан во очајничката борба за опстанок.
Впуштајќи се во френетична потера низ запечатени крипти, опасни катакомби, напуштени катедрали, па дури и во најтајниот трезор на свтот, Ленгдон и Ветра ја следат 400 години старата Патека на просветлувањето, создадена од древни симболи, која се извива преку Рим спрема одамна заборавеното дувло на илиуминатите... таинствена локација каде што можеби се крие шансата за спас на Ватикан.
7 оценки за Ангели и демони
Questions and Answers
You are not logged in
Anonymous (верификуван корисник) –
Ana Atanasova (верификуван корисник) –
kristina mirceska (верификуван корисник) –
silvana ristevska (верификуван корисник) –
Слаѓан Бишковски (верификуван корисник) –
Najdobriot triler-misterija roman od Den Braun! Odlicna e!
Sonja Gjurevska (верификуван корисник) –
Една од моите омилени книги на Браун. Особено ако сте го посетиле Рим и ги знаете сите оние места кои се појавуваат низ книгата… толку нереално а сепак многу логично е прикажана скриената симболика на градот.
Слаѓан Бишковски (верификуван корисник) –