Антологија на бразилскиот расказ
Автор:
/
Издавач:
Издавачки центар ТРИ |
Јазик:
Македонски |
Година:
2012
Оригинален наслов:
Антологија на бразилскиот расказ |
Бр. на страни:
293 |
Димензии:
140х205
|
Корица:
/
Во оваа прва антологија на бразилскиот расказ објавена на македонски јазик се вклучени великаните на бразилскиот краток расказ, жанр чиј зародиш го дава Мачадо де Асис кон средината на 19. век, а продолжува со некои од најзначајните литературни, па и политички фигури од не толку далечната историја на Бразил. Колонизацијата, угнетувањето и нееднаквостите се најчестите теми што го окупираат бразилското, па и вкупното латиноамериканско творештво во 19. век.
Дваесеттиот век носи крупни промени во веќе независната монархија Бразил, и авторите во книжевното творештво ја истакнуваат тесната врска на бразилската литература со политичката клима во земјата. Триесеттите години на 20. век се одликуваат и со појавата на модернизмот и силните заложби на сите уметници да дадат свој придонес кон приближување на бразилската култура до контекстот на авангардната европска мисла, и токму во тој период се создава првата генерација на вистински независни автори – Жоао Гимараес Роса, Жорже Амадо, Кларис Лиспектор, кои, инспирирани од експерименталните техники на француските и американските творци, почнуваат да го истакнуваат латиноамериканското гледиште во прашања кои имаат универзален карактер.
Оценки
Сѐ уште нема оценки.