Автобиографија
Author:
Григор Прличев
Publisher:
ПАНИЛИ, Скопје |
Language:
Македонски |
Year:
2012
Original title:
/ |
Num. of pages:
116 |
Dimensions:
21
|
Cover:
/
Во својата Автобиографија", Прличев на показ го изнесува целиот свој животен пат, но во исто време ја опишува и општествената положба на својот народ, како и големото влијание на грцизмот во училиштата и во црквите. Исто така ова дело јасно упатува на трансформациите на големиот поет во поглед на прифаќањето на грчкиот јазик и култура во своите младешки години. До својата осумнаесета година ќе се школкува на грчки јазик, а во последните две години, негов учител е Димитрија Миладинов. Извесно време работи како учител во Тирана и со заработените пари (по наговор на своите роднини) заминува во Атина за да студира медицина...." За вистинското спознавање и одредување на местото и улогата на Григор Прличев, покрај поетското творештво, треба да се има предвид целокупната дејност како национален деец. Преку "Автобиографијата" се откриваат низа суштествени моменти од животот и работата на нашиот поет и во исто време ова дело претставува своевиден коментар на "Сердарот" напишан две и пол децении порано. Поетската дејност е проникната во општествената и таа е еден од агенсите на ангажманот на овој план Раде Силјан
Reviews
There are no reviews yet.