Баксузи

Издавач: Антолог | Јазик: Македонски | Година: 2014
Оригинален наслов: De helaasheid der dingen | Бр. на страни: 192 | Димензии: 13x20 | Корица: /

Во Баксузи писателот се враќа на своето родно место, каде организираат бурлексна манифестација, Тур де Франс на пијаниците. Се запознаеме со татко му, Пјер, кој во поштенска торба на велосипедот го носи своето тукушто родено синче по сите кафулиња за да им го покаже на своите пријатели. Да не ги заборавиме и неговите мрзливи чичковци, за кои светското првенство во чашкомет е највисоката цел, а нивото мото е „Денот е пред нас, а ние се трудиме да го потрошиме“. Баксузи е моќна трагикомична ода на безделништвото во најекстремната форма, а истовремено и смешно претставување на младоста. Верхулст е моќен стилист, кој со чувството за динамика и наративна сила, го задржува интересот на читателите од првата до последната страница.  Димитри Верхулст (1972) е белгиски писател и преведувач. Неговите родители рано се разведуваат и дел од детството го поминал во дом. Писателската кариера ја почнал на свои 22 години со самиздат. Пишува саркастично, но и допадливо. Користи доста експлицитен јазик, и многу шеги. Поради контроверзните дела, бил даван и на суд. Според автобиографискиот роман Баксузи е снимен истиоимениот филм од 2009, награден и на Канскиот фестивал.
Рангирано 5 од 5 според 2 рејтинзите на корисниците

Цена: 200 ден

Распродадено

Извести ме кога производот ќе биде на залиха

Спореди
Продавач Антолог

Report an abuse for product Баксузи

Категорија:
ИСБН: 978-608-243-031-7

Questions and Answers

You are not logged in