Басни
Author:
Лафонтен
Publisher:
Магор |
Language:
Македонски |
Year:
2013
Original title:
/ |
Num. of pages:
159 |
Dimensions:
135x200
|
Cover:
/
Жан де Лафонтен (1621 – 1695 г.) е еден од најголемите француски класици, автор кој критичарот Сент-Беф ќе го нарече „француски национален поет“, а историчарот на литературата Иполит Тен „француски Хомер“. Неговите басни се раскажани со исклучително елегантен стил, а преку приказните за бројните згоди и незгоди во животинскиот свет, тој всушност суптилно продира под површината на француското општество и ги истражува анималните аспекти на самиот човек.
Лафонтен е страстен истражувач и вдахновен запишувач на вечните човечки карактери и својства, на неговите слабости и доблести.
Целото животинско царство, преземајќи ги карактерите и гласот на луѓето, учествува во раскошната, многуслојна и чудесна човечка комедија на Лафонтен, составена од мали, но генијално обработени слики, сцени и и епизоди. Во басните не зборуваат само животните туку и растенијата, или како што во еден стих ќе напише самиот автор: „Сè зборува во веселената“.
Во творештвото на овој мастор супериорно се сплотени литературната и моралната материја. Неговите текстови нè учат дека овој свет, често пати суров и лажен, мачен и неправеден, може да биде исто така и убав како сон и мечта, а пак сонот да биде вистинска реалност, она што му припаѓа на секој човек и на секое живо суштество.
Reviews
There are no reviews yet.