Бавната смрт на Лусијана Б.
Автор:
Гилјермо Мартинес
Издавач:
Антолог |
Јазик:
Македонски |
Година:
2016
Оригинален наслов:
La muerte lenta de Luciana B. |
Бр. на страни:
208 |
Димензии:
13x20
|
Корица:
мека
Лусијана е млада Аргентинка чии пријатели и роднини почнуваат да умираат од насилна смрт или како жртви на необјасниви незгоди. Таа мисли дека зад сето тоа стои познатиот писател Клостер – автор на мрачни романи со злосторства и со злокобни личности. Нему, без да сака, некогаш во минатото му предизвикала голема болка. Уште повеќе што убиствата во неговите романи течат на ист начин како во животот на Лусијана. Полицијата не ѝ верува на поврзаноста и таа бара помош од друг писател, ривал на Клостер. Средбите меѓу двајцата писатели, суптилни и силни вербални соочувања, поставуваат четири можни објаснувања за оваа серија умирања. Љубителите на Алфред Хичкок и на Карлос Руиз Зафон ќе бидат воодушевени од овој психолошки напнат трилер. „Задолжителна лектира за секој што сака мистерии“. Њујорк тајмс
Questions and Answers
You are not logged in