Бекомберја: ода за моето семејство

Publisher: Антолог | Language: Македонски | Year: 2017
Original title: Beckomberga: Ode till min familj | Num. of pages: 352 | Dimensions: 13х20 | Cover: мека

Романот „Бекомберја: ода на моето семејство“ е базиран на детските спомени на авторката од времето на нејзините посети на „Бекомберја“, една од најголемите болници за ментално болни во Шведска и во Европа во XX век, со две илјади пациенти. Во средиштето на дејството се наоѓаат Џеки и нејзиниот татко, Џими Дарлинг. Тој со леснотија ги засмејува луѓето, иако во исто време негува чудна пасија кон смртта. Кога мајка ѝ Лоне ќе отпатува кон Црното Море, душевната болница во која престојува татко ѝ се претвора во единствениот постоен свет за Џеки. Од различните мигови и зони на сонување и стварност постепено се гради тажна и восхитувачка приказна. „Бекомберја“ станува искривен некролог на државата на социјалната сигурност, раскажан со заносен јазик. Сара Стридсберг со широко отворени очи ги рехабилитира загрозените и замолкнатите. „Бекомберја: ода на моето семејство“ е добитник на Наградата за литература на Европската Унија за 2015 година. Истата година романот ја доживеа и својата театарска поставка.   „Го лизга читателот во расположение во кое границата помеѓу нормалноста и лудилото веќе не постои.“ Svenska Dagbladet
Rated 5 out of 5 based on 4 customer ratings

Price: 300 ден

Out of stock

Notify me when the product will be in stock

Compare
Sold By Антолог

Report an abuse for product Бекомберја: ода за моето семејство

Category:
SKU: 978-608-243-248-9

Questions and Answers

You are not logged in