Бела како снег
Автор:
Сала Симука
Издавач:
БАТА ПРЕСС |
Јазик:
Македонски |
Година:
2017
Оригинален наслов:
/ |
Бр. на страни:
224 |
Димензии:
13x21
|
Корица:
мека
ПОНЕКОГАШ НЕМА ИЗБОР,
А НИ ВРАЌАЊЕ
Седумнаесетгодишната Лумики Андерсон се најде на улиците во Прага, во потрага по долго посакуваниот мир далеку од љубопитните очи, семејните тајни и од суровиот господар на подземјето. Меѓутоа, брзо по доаѓањето, ја запознава младата и преплашената девојка Ленка, која тврди дека е нејзина одамна изгубена сестра. Лумики ќе се вплетка во неверојатна и несфатлива игра на медиумските манипулации и на верскиот култ Бела фамилија, кој е поопасен отколку што некогаш можеше да замисли.
И додека полека ја открива вистината, животот на Лумики повторно ќе се најде во смртна опасност и овој пат сфаќа дека мора да побара помош за да побегне од прогонителите, да го спаси својот и животот на Ленка и да ги разоткрие грозоморните тајни што ги крие добро организираната верска секта...
Сала Симука (1981) е финска авторка на романи за млади. Студирала нордиска филологија и книжевност, креативно пишување и родови студии на Универзитетот во Турк. Живее во Тампере и е добитничка на престижната награда Topelius Prize за најдобар фински роман за млади во 2013 година.
Трилогијата романи Снежана (Црвена како крв, Бела како снег и Црна како абонос) стана книжевен феномен веднаш по нивното објавување, а наскоро се очекува и премиера на овие светски бестселери на филмското платно во Холивуд. Авторските права за романите досега се продадени во 52 земји во светот.
2 оценки за Бела како снег
Questions and Answers
You are not logged in
Anonymous (верификуван корисник) –
Слаѓан Бишковски (верификуван корисник) –