Бели знамиња

Издавач: ИКОНА | Јазик: Македонски | Година: 2014
Оригинален наслов: БЕЛИ ЗНАМИЊА | Бр. на страни: 211 | Димензии: 129x198 mm | Корица: тврда

 

Нодар Думбадзе (1928-1984) е еден од најважните автори во неверојатно богатата грузиска литература, и еден од најпознатите и најчитани писатели во поранешната советска книжевност. Уште пред да наполни 40 години неговите дела беа преведени на многу јазици и се стекнаа со голема популарност и надвор границите на тогашната држава.
 
Од неговите меланхолично оптимистички дела, блеска едноставноста на лирската проза и специфичниот народски хумор, којшто, заедно со изразито хуманистичкиот однос кон човекот, се главни одлики на неговата литература.
Краткиот роман “Бели знамиња“ (1973) е приказна за десетмина луѓе коишто во ќелијата на истражниот затвор ја очекуваат пресудата, односно решението на својата судбина и понатамошниот живот. Приказна истовремено проникната и со здрава смеа и со сериозна човечка болка, во којашто трагедијата и комедијата се испреплетени низ животите на овие сосема различни луѓе, со различен животен пат, различни навики, индивидуалности па дури и различен речник, но со ист привремен живот во истите затворски ѕидови.
 

 

Цена: 499 ден

3 на залиха

Спореди
Продавач ИКОНА

Report an abuse for product Бели знамиња

Категорија:
ИСБН: 9786082210452

Questions and Answers

You are not logged in