Беседа на фауните. Т. 1
Author:
Ристо Давчевски
Publisher:
Македоника |
Language:
Македонски |
Year:
2011
Original title:
Беседа на фауните. Т. 1 |
Num. of pages:
311 |
Dimensions:
200х140
|
Cover:
/
Првиот том од досега непубликуваните басни на македонскиот писател Ристо Давчевски (1935-2009), како дел од триесетлогијата во десет тома со заеднички наслов „Беседа на фауните“, ги содржи неговите басни во стихови за млади и возрасни во три книги „Некоја чудна полтронија“, „Големата мајмунија“ и „Боса команда“, со предговор на Мито Спасевски.Овој авторски проект на Ристо Давчевски е оригинален и единствен: тој содржи 30 книги со 3000 басни, досега необјавени, распоредени во 10 тома и претставува исклучително богатство не само за македонската литература, туку и за светската. Имено, досега ниеден автор на басни во светот не оставил зад себе толку обемен опус на басни (најпознатите – Лафонтен има 12 книги и Езоп 600 басни, а Ристо Давчевски за време на својот 60-годишен творечки период напишал 6000 басни, од кои повеќето од половината не се објавени).Проектот на Давчевски „Беседа на фауните“ е создаван дваесетина години. Давчевски со него ги надрасна сите свои учители – европските баснописци, ја осмисли обновата на долговековната езопизација, ѝ даде нов пулс, нов видик со нова димензија и во тој проект ја вткал душата на своето време со илјадници теми расфрлани низ целата планета. Низ емотивна и извонредна духовита умешност, завиена во апсолутната алузивна асоцијативност и со храбра воинствена сатиричност, ја означил ренесансната алинеја што му прилега на секое големо дело. Ова е проект кој на македонската басна ѝ го дава приматот во европската и светската басна, а на авторот приматот на баснописец во европското книжевно милје. „Беседа на фауните“ е оригинален и по тоа што половината басни се посветени и на возрасните читатели, што е прв случај во историјата на овој литературен жанр.
Questions and Answers
You are not logged in