Близначки
САМО НА КУПИКНИГА МОЖЕТЕ ДА ГО ДОБИЕТЕ ПРЕКРАСНИОВ РОМАН ПРВИ И СО 12% ПОПУСТ.
Историската и човечката приказна се судираат во овој психолошки роман, кој почнува во 1990 година со една случајна средба на две возрасни жени во белгиското одморалиште Спа. Двете жени се дојдени на бања. Но не е случајно што обете страдаат од артритис. Стариците, всушност, се близначки, одделени во детството поради смртта на нивните родители. Ана останала во родната Германија, каде ќе ја израсне дедото во голема селска сиромаштија, додека Лоте е пренесена во Холандија од страна на роднините. Од тој момент го губат контактот една сo друга и се на спротивни страни за време на подемот на Хитлер и распалувањето на Втората светска војна. Лоте до срж ги презира Германците, бидејќи се омажила со холандски Евреин. Додека Ана се оженила со офицер на нацистичките СС-единици од Виена. Сепак и двете сестри во војната ги загубиле партнерите, едната при бомбардирањето на сојузничките сили, втората во австриски концентрационен логор.
Во двата обиди да се сретнат, тешко комуницираат. Првпат се наоѓаат 40 години после војната. Но тешко се разбираат. Трогателната приказна се распламтува преку сеќавањата и разговорите полни со лутина, бидејќи имаат бројни несогласувања. Теса Де Ло уметнички ткае два мошне развиени лика на богата историска позадина. Вечните прашања на вина и соучество остануваат нерешени, иако романот суптилно раскрива проблематични места од прашањата за националниот идентитет и фамилијарната поврзаност. Како што сестрите полека сфаќаат дека не е сè црно-бело, така читателот е приморан да погледне длабоко во себе пред да ги осуди другите.
Првпат објавен во 1993 година, овој потресен роман го истражува непријателство што постоело меѓу Германците и остатокот од Европа по Втората светска војна. Дејството се раскажува на женствено и сензитивен и провокативна начин, без директно воспевање и осудување.
Теса де Ло (1946) е псевдоним на холандската писателка Јохана Мартина (Тинеке) Дијвен де Вит. Била наставничка пред да дебитира со книгата раскази Девојчињата од фабриката за бонбони. Де Ло веднаш станала позната, бидејќи има лесно читлив стил и внесува интригантни контрасти во делата. Според нејзините два романа Изабела и Близначки се снимени играни филмови.
„Фасцинирачка и прекрасна книга за сеќавањето и загубата, проткаена со волшебниот конец на историската вистина.“
Ричард Цимлер
„Возбудлив стил на раскажување, цитати кои воодушевуваат. Не може да ја испуштите од раце.“
„Алемен дагблад“
„Теса де Ло е голем раскажувач.“
„Елсевир“
„Луциден роман со голема тематика. Ќе ја прочитате во само едно седнување.“
„Троув“
„Близначки е огромна сага за сестрите кои остануваат сирачиња. Загубата на родителите ќе ги примора да станат противнички во Втората светска војна. Прочитајте и ќе видете трогнати.“
Шерил Сухер
5 reviews for Близначки
Questions and Answers
You are not logged in
Anonymous (verified owner) –
Anonymous (verified owner) –
Anonymous (verified owner) –
Anonymous (verified owner) –
Anonymous (verified owner) –